Најубавата Италијанка избегнува ригорозни диети и тренинзи и ужива во виното и тестенините: „Годините нѝ даваат поинаква перспектива“

Кармин

07/12/2021

21:25

13.956

Големина на фонт

а а а

Многумина ја сметаат Моника Белучи за најубава жена на светот, а актерката неодамна проговорила за стареењето како природен процес во животот и истакнала дека не се плаши од истото.

Во интервју за магазинот „Sunday Times Style“, актерката зборувала за годините, стареењето како неизбежен процес, како и за начинот на живот.

Коментирајќи го својот изглед, Италијанката открила дека избегнува ригорозни тренинзи и строги диети, дека сака вино и тестенини и дека повремено вежба пилатес. Истакнала дека не е опседната со изгледот и дека секогаш била жена со облини.


„Кога имате 50 или 60 години, ги немате истите потреби како кога имате 20. Годините нѝ даваат поинаква перспектива“, објаснува актерката.

Зборувајќи за своето искуство како „Бонд девојка“, италијанската актерка напоменала дека нејзиниот кастинг означил „голема промена“, додавајќи дека има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин.


„Кога сме млади имаме ѓаволска убавина, што е сосема природно, но мораме да се справиме и со староста бидејќи животот продолжува“, вели Белучи.

Таа зборувала и за ќерките и за односот со поранешниот сопруг Венсан Касел со кого се разведе во 2013 година и со кој го пронашла ритамот на заедничкото родителство.


„Разделени сме веќе долго време, но во истовреме кога сте родител, вие сте родители за цел живот“, изјави Моника Белучи.

Таа истакнала дека е благодарна и среќна што не влегла во филмската индустрија како млада тинејџерка, но и дека тоа е „прашање на среќа“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk