Овие 3 хороскопски знаци сакаат искрено - до крајот на животот

Кармин

07/12/2021

10:05

11.627

Големина на фонт

а а а

Тие тешко го подаруваат своето срце, но кога еднаш ќе го подарат, тоа е до крајот на животот.

Еве за кои 3 хороскопски знаци станува збор:

Риби

Најсензуалниот и најемотивниот знак на хороскопот - кога Рибите еднаш ќе ги подарат своите срце, душа и тело, тоа е до крајот на животот. Тоа се океани од емоции, љубов, бакнежи, допири... Кога врската прекинува, Рибите долго остануваат во својот замислен свет и сè уште се со партнерот во својата имагинација. И понатаму го чувствуваат секој допир и бакнеж.


Рак

Љубовта, домот, партнерот и децата се синоним за Ракот. Тие со години го доградуваат својот оклоп и секогаш се трудат да биде што посилен и поцврст. Но, кога ќе се заљубат, тој оклоп е пробиен и тогаш стануваат есенција на љубовта. Не постои Рак кој не би направил сè за својата љубов, а кај нив љубовта е подеднакво домот, децата и партнерот. Кога ќе раскинат, на Раковите им треба долго време за да го преболат партнерот, а тогаш се повлекуваат во својот оклоп и патат.


Јарец

На прв поглед Јарецот изгледа многу ладно, но кога ќе се стопи тој „леден штит“, тогаш овој хороскопски знак ја покажува својата вистинска душа и љубов. Од сите три знаци, Јарците се сметаат за најемотивни. Станува збор за личности кои тешко ја пуштаат љубовта во својот живот, но кога тоа ќе се случи, тогаш не постои задршка - целосно се предаваат. Тогаш исчезнува прагматичниот и сурово ладниот Јарец. Нивната емотивна страна е толку јака, а од друга толку слаба, кревка и нежна што честопати по некоја голема љубов, некои Јарци остануваат сами до крајот на животот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk