Модните критичари едногласни за појавата на Лана дел Реј: Комбинација која никој, никогаш и никаде не треба да ја копира

Кармин

06/12/2021

17:37

10.267

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка одлучила да изгледа ретро во духот на 70-те години, но доколку ги прашате модните критичари тогаш таа би можела уште малку да се позанимава со својот изглед.

Во Лос Анџелес во текот на викендот беше одржан настанот организиран од списанието „Variety“ во чест на изведувачите кои оваа година привлекоа најмногу внимание со своите песни.

Лана дел Реј на црвениот тепих пристигнала во многу необично издание кое многу од модните критичари го оценија како тешко промашување.


Таа избрала стилизиран фустан со прорези, модел со мини должина кој на прв поглед изгледа како мини здолниште .

Лана носела и чизми до колена од превртена кожа и тоа во беж нијанса на боја, со тенка потпетица.

Мислите ли дека овие две парчиња во духот на 70-те не можат да се комбинираат заедно?

Лана има уште едно изненадување за вас – полуспортска црна јакна со потпис на „DNC“.


Овој спој не придонел за комплетниот впечаток да биде каков што треба, а покрај тоа мини фустанот со високите чизми го скратиле визуелниот изглед на фигурата на поп ѕвездата.

Како и да се облекла сепак Лана ја освоила Наградата за придонес во поп/алтернативната музика, а таа своите успеси ги посветила на продуцентите кои ја „откриле“.


„Додека работев во ресторан и живеев во паркот со приколки, тие ми средија договор за девет илјади долари. Бен тоа го направи за еден час, а потоа ме однесе во Лондон, да живеам со него. За една година ја напишав песната „Video Games“ и бев подготвена да снимам квалитетни албуми, бев подготвена да снимам многу албуми“, изјавила Лана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk