Актерката од Хари Потер го чека четвртото дете: „Не можам повеќе да го кријам ова бебе“

Кармин

06/12/2021

16:10

8.880

Големина на фонт

а а а

Актерката Џеси Кејв, најпозната по улогата Лавандер Браун во Хари Потер, повторно е бремена.

Третото дете го родила пред нешто повеќе од една година, а сега објави дека во нејзиното семејство пристигнува уште едно бебе.

„Не можам повеќе да го кријам ова бебе“, напишала покрај фотографиите на кои позира пред огледало и гордо го покажува трудничкиот стомак.

Нејзиниот партнер, комичарот Алиф Браун, среќната вест ја објавил на Инстаграм со фотографија од ултразвук.

„Ќе биде полесно ако во иднина објавувам само кога не е бремена. Уживајте во стапалото на бебето“, порачал тој.

Браун и Кејв веќе се родители на Дони (7), ќерката Маргот (4) и Абрахам Бенјамин, стар 14 месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk