Дизни за првпат во својата 98-годишна историја избра жена на чело на компанијата

Кармин

02/12/2021

19:49

8.683

Големина на фонт

а а а

Компанијата Волт Дизни ја избра Сузан Арнолд за своја нова претседателка на управниот одбор. Ова е првпат гигантот да избере жена на оваа функција во својата 98-годишна историја.

Арнолд која била еден од членовите на управниот одбор од 2018 година, ќе го наследи Роберт Игер на претседателското место кон крајот на годината.


„Додека влегувам во оваа нова улога, се радувам што ќе продолжам да им служам на долгорочните интереси на акционерите на Дизни и блиската соработка со директорот Боб Чапек додека тој продолжува да гради вековно наследство на креативна исклучителност и иновативност на компанијата“, вели Сузан Арнолд.

„Во име на одборот би сакала да му изразам најдлабока благодарност на Игер на неговото исклучително водство во последните деценија и пол“.


„Игер го доведе Дизни до неверојатни висини, и креативно и финансиски, со неговата јасна стратешка визија за испорака на висококвалитетна брендирана нарација, прифаќање на најсовремена технологија и меѓународна експанзија, и остави неизбришлива трага на компанијата Волт Дизни, која ќе биде тука и за следните генерации“, додала Арнолд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk