Сојузот ги критикувал своите фудбалерки! Победија 20:0, но така го уништуваат фудбалот

Точка

02/12/2021

19:36

4.821

Големина на фонт

а а а

Против една од најдобрите селекции на светот Латвијките на терен пратиле и по некоја јуниорка и кадетка, бидејќи немаат доволен фонд на сениорки.

Натпреварот од квалификациите за Светското првенство во конкуренција на дами меѓу Англија и Латвија (20-0) кренал многу бура.

Островјанките имале речиси 60 шутеви кон голот на ривалот.

Во Англија се огорчени, сметаат дека противникот не смее да се понижува, посебно не во период кога се развива еден тим, а токму тоа се случува во Латвија, која се обидува да го развие женскиот фудбал.

Против една од најдобрите селекции на светот Латвијките на терен пратиле и по некој јуниорка и кадетка, бидејќи немаат доволен фонд на сениорки.

Поразот од 20-0 на овие "девојчиња" нема да им биде никаков мотив во нивниот развој, а некои би можеле и да се откажат од овој спорт.

Фудбалскиот сојуз на Англија ги критикувал своите фудбалерки, а селекторката Сарина Вигман констатирала дека ФИФА и УЕФА мораат итно да воведат некој друг систем на квалификации за да се избегнат вакви ситуации кои не помагаат никому.

Колку биле деконцентрирани и во страв фудбалерките на Латвија покажуваат и потезите на голманката, која често не успевала ни да ја исфрли топката.

Евидентно се гледа дека станува збор за аматеризам.

Ова не е прв пат во овие квалификации некој да го декласира својот ривал. На пример, Белгија ја победила Ерменија со 19-0.




Спонзорирани линкови

Маркетинг