Напаѓач облечен како нинџа, украл автомобил и со меч нападнал две полицајки

Точка

02/12/2021

19:21

3.794

Големина на фонт

а а а

Маж облечен како нинџа денеска со меч нападнал и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека станува збор за терористички напад, соопштила полицијата.

До инцидентот дошло во околу 16 часот, кога полицијата тргнала да го апси мажот поради кражба на автомобил, пренесува "Reuters".

Откако полицијата некое време го бркала по улиците, мажот, чие име и националност не се откриваат, удрил во рекламна табла и застанал во близина на бензинска станица.

Мажот потоа излегол од автомобилот облечен како нинџа, и со катана, јапонски самурајски меч, тргнал кон полициското возило.


Прво со мечот удрил една од полицајките во брада, а потоа другата во глава.

Третиот полицаец потоа пукал во напаѓачот, го погодил во стомак и му задал потешки повреди, па со хеликотер бил префрлен во болница.

Двете полицајки се здобиле со полесни повреди и исто така биле пренесени во болница.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен се огласил на Твитер по повод инцидентот и порачал дека им дава поддршка на полицајците.

"Во текот на интервенцијата поради кражба на возило во Шербур повредени се две полицајки. Поддршка за националната полиција", напишал Дарманен на Твитер.'




Спонзорирани линкови

Маркетинг