Емили Ратајковски предизвика контроверзии со својот изглед: „Дали сум единствената која мисли дека има проблем со здравјето?“

Точка

26/11/2021

19:39

12.604

Големина на фонт

а а а

Манекенката Емили Ратајковски објави фотографии од доделувањето на „CFDS Fashion Awards“, но реакциите за нејзиниот изглед не биле позитивни иако таа навела дека го очекувала тоа.

Ратајковски носела комплет со потпис на „Miu Miu“ составен од кратка кошула и џемпер и здолниште со низок струк. Здолништето го истакнало нејзиниот стомак, што предизвика осуда во јавноста. Имено, многу нејзини фанови останале згрозени од нејзиниот изглед бидејќи сметаат дека манекенката боледува од анорексија.

„Дали сум единствената која мисли дека таа има проблем со здравјето?“, „Изгледа како да нема органи“, „Што си направила со својот стомак?“, се дел од коментарите под фотографиите на Инстаграм.

Ратајковски на „стори“ навела дека за малку немало да ја објави фотографијата бидејќи знаела дека ќе предизвика контроверзии.

„Ова е мое тело и нема да се предадам на срамењето“, напишала Емили во објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk