Холивуд згрозен од изгледот на актерката: „Олицетворение на оние денови кога немаш што да облечеш“

Кармин

26/10/2021

11:07

7.623

Големина на фонт

а а а

Старлетата, актерка, модел и дизајнерка Драја Мишел, пристигнала на забавата облечена на многу специфичен начин.

Драја Мишел (36) во Холивуд е позната како сестрана личност: актерка, модел, дизајнерка, старлета.

На прославата на роденденот на раперот Дрејк, се појавила полугола. Таа носела кошула со ланци со потпис на модниот бренд „Версаче“, а наместо здолниште, имала само ланци.


Темата на забавата била серијата „Наркос“ и картели, па Драја се облекла во тој манир: ланци, пари, голотија.

Меѓутоа, следбениците на социјалните мрежи не биле задоволни од овој нејзин изглед, па почнале да ја прозиваат со зборовите: „Драја е олицетворение на оние денови кога немаш што да облечеш. Што е ова?“.


Дел од коментарите биле и: „Не, никако. Ова е погрешно!“, „Каде си тргнала со тие ланци?“.

Не е првпат актерките, пејачките и старлетите да бидат толку разголени. Во последно време е тренд да се носат голи фустани или мрежести фустани кои откриваат сè, а некои од девојките кои носат таква облека дури не облекуваат ниту долна облека.


Драја овојпат облекла танга во боја на кожа, но истата не се ни гледала, па сè делувало проѕирно.

Изгледа дека актерката сепак била горда на својот изглед, па фотографии од својата модна комбинација споделила и на социјалните мрежи.

Како вам ви се допаѓа овој изглед на младата дизајнерка? Дали би облекле нешто вакво?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk