Анџелина Џоли го промовира својот нов филм и изгледа дека сфатила едно нешто: најдобрата придружба на црвениот тепих ѝ се најстарите ќерки.
Анџелина Џоли (46) се појавила на црвениот тепих во Рим, промовирајќи го својот нов филм.
Облекла сребрен долг фустан, без прерамки, исклучително тесен и долг, додека првпат ја надоградила косата до струкот. Сепак, најмногу внимание на црвениот тепих привлекла нејзината ќерка Шајло.
Облечена во црн мини фустан, патики со принт, со интересна фризура и шминка - Шајло е прекрасна тинејџерка. Но, зарем до вчера Анџелина со гордост не зборуваше дека Шајло сака да биде момче? Да ја нарекуваат Џон?
Изгледа дека некој се премислил!
Меѓутоа, друштво им правела и Захара (16), најстарата ќерка на Анџелина Џоли, која и овојпат покажала дека има истенчен вкус за мода, појавувајќи се во долг бел фустан.
Анџелина изгледа сфатила една работа - за да заблеска на црвениот тепих не ѝ треба подобра придружба од нејзините ќерки! Среќна и задоволна и покрај комплицираната бракоразводна парница, Анџелина насекаде со себе ги носи своите деца.