Славната Оливија Њутн Џон неодамна повторно зборувала за својата болест која неколку пати ѝ се враќала во животот.
Актерката повторно се бори со канцерот. Овојпат својата мака ја споделила со водителката Худи Кот и во таа прилика открила нови детали за својата состојба.
Оливија со години беше поим за убавина и здравје, но тешката болест ѝ се враќала неколку пати и целосно ја измачила. Меѓутоа, таа не се предава.
Познатата актерка во текот на разговорот ја прашала водителката како е таа сега, на што Худи одговорила дека е добро и со солзи во очите ѝ се заблагодарила за прашањето.
„Секако дека прашав, ние сме сестри. Сите ние кои сме го поминале патот со канцерот сме како семејство и сме преживеале слични спомени и падови, изненадувања и пресврти“, изјавила Оливија.
Исто така таа раскажала дека својата болест не ја доживува како борба.
„Јас победувам и така гледам на својата ситуација. Искрено, воопшто не размислувам многу за тоа. Тоа е најдобро за мене и поради тоа секој ден сум посилна. Навистина се чувствувам добро“, признала таа.
Во февруари оваа 73-годишна жена се појавила во емисијата „The One Show“ и тогаш кажала дека се чувствува навистина добро.
„Јас сум одлично, веќе седум години имам канцер кој метастазираше, но добро сум“.
Додала и дека секој нов ден за неа е како подарок, но и дека се лекува со медицински лекови и медицински канабис.
Да ве потсетиме дека Оливија по трет пат се бори со канцерот, но не сака да се откаже од тоа. За болеста зборувала и со водителката Кејл Кинг во емисијата „This Morning“ на „CSB“.
Таа вели дека болката е неиздржлива.
„Плачам од болки“, изјавила актерката и додала дека не сака да разговара за тоа колку ѝ останало од животот, туку одлучила да живее подолго отколку што докторите ѝ рекле.
Исто така изјавила дека не сака да зборува за смртта.
„Можам утре да умрам. Дрво може да падне врз мене“, изјавила актерката.