Зоран Заев: Победуваме во повеќе од 30 општини

Точка

18/10/2021

01:19

6.182

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата изјави дека СДСМ победува или има големо водство во повеќе од 30 општини, како и во Скопје.

Премиерот на Македонија изјави дека СДСМ победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар. Шуто Оризари, Делчево, Крушево, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Конче, Дебарца, Долнени, Куманово.

"Поддршката која ја добивме е сериозна, тоа се илјадници гласови, и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад", изјави Заев.

Заев додаде дека коалицијата ќе се обедини за да има мнозинства во советите низ државата.

"Влегуваме во втор круг како фаворити. Јас сум убеден дека ги понудивме најдобрите кандидати. Влегуваме во 36 општини во втор круг, плус Градот Скопје каде засега водиме 15 илјади гласови", изјави премиерот.

Заев ги повика и оние кои денеска не излегле на гласање, да дадат поддршка во вториот круг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг