БЕСА прогласи победа во Тетово и најави прослава

Макфакс

17/10/2021

23:12

2.305

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа прогласи победа на Билал Касами за градоначалник на Тетово.

Тој ги повика граѓаните на прослава во 11.30 часот на плоштадот во градот.

Претходно, на прес-конференција, Движењето „БЕСА“ соопшти дека имаат сигурна предност во повеќе општини. Според партиските информации, БЕСА победува во Бродец, Порој, Лисец, Безовце и Џепчиште.

Хоџа најави дека кандидатот на БЕСА ќе се бори за победа во вториот круг во Теарце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг