Надал откри како е толку смирен на терените: Никогаш не сум скршил рекет…

Дерби

17/10/2021

18:09

1.636

Големина на фонт

а а а

Некогашниот светски рекет број еден, Рафаел Надал важи за еден од најдобрите играчи во историјата, ас кој има многу титули, успеси, има освоено 20 грен слем титули и во моментов ја дели позицијата број еден заедно со Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Воедно Рафа важи и за играч кој никогаш не се нервира за време на натпреварите, не крши рекети како голем број од колегите, па бикот од Мајорка ја откри тајната, поточно како успева да се воздржи и да остане мирен и во моментите кога не му оди.

-Вежбам јога, медитирам за да можам да ги контролирам емоциите во одлучувачки моменти. Секогаш излегувам на терен со позитивен став. Важно е да се одржи самодовербата дури и кога ситуацијата не е идеална. Сакам да се натпреварувам, но секогаш се контролирам на теренот. Никогаш не сум скршил рекет, никогаш не се однесував лудо. Мојата филозофија е никогаш да не се откажувам. Истото е кога играм голф или фудбал со моите пријатели, -вели Надал кој проговори и за стилот на игра.

-Како дете многу тренирав, ама никого не имитирав. Се восхитував на Сампрас и Агаси. Сакав да ги гледам нивните дуели. Научив од Пит како да се биде агресивен, од Агаси тој борбен став. Исто така, Карлос Моја влијаеше многу врз мене, -истакна Шпанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг