Фотографите ја обожаваа: Супермоделот Ким Алексис и понатаму изгледа нереално

Кармин

16/10/2021

22:22

6.008

Големина на фонт

а а а

Ким Алексис, американски супермодел и актерка, беше многу позната кон крајот на 70-те и во текот на 80-те години.

Родена е во Локпорт 1960-та година и потекнува од исклучително религиозно семејство, кое секоја недела одело во црква.

Уште како дете, на само 6 години, почнала да тренира пливање и била многу успешна во тоа. Кон крајот на 70-те години се појавила на модната сцена, заедно со колешките Иман, Кристи Бринкли, Керол Алт и се стекнала со светска слава.

Ги красела насловните страници на магазините „Спорт Илустрејтед“, „Вог“, „Харперс Базар“, „Космополитен“, а во 1983-та година станала заштитно лице на „Ревлон“, заменувајќи ја познатата Лорен Хатон.

Руса коса, сини очи и темен тен биле нејзиниот заштитен знак, а Ким му била омилена манекенка на познатиот фотограф Ричард Аведон.

„Бев многу нервозна кога го запознав и не беше лесно да дојдам до тоа да работам токму со Ричард. На првото снимање ми рече дека треба хируршки да го отстранам младежот на брадата. Тоа ме расплака. Подоцна, во текот на годините, работевме четири снимања за 'Вог' и го потсетив на оваа случка. Тој не се сеќаваше“, се присетила за „Форбс“.

За „WWD“ изнела став за својот поглед на денешните најпопуларни модели, велејќи дека 'не е воодушевена со Кендал Џенер и Џиџи Хадид, бидејќи ги има насекаде' и дека 'сака да види некој кој претходно не бил славен и популарен'.

Во продолжение погледнете како изгледа Ким сега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk