Оваа астронаутка ќе го освојува космосот: Запознајте ја првата жена која ќе "прошета" низ Кинеската вселенска станица - што подготвува Пекинг?

Точка

15/10/2021

14:26

12.915

Големина на фонт

а а а

Тимот на Ванг ќе остане 183 дена, најдолго за некој кинески екипаж.

Кога кинеското летало Шенжу-19 ќе полета во вселената во сабота наутро, на него ќе биде и првата жена која ќе работи на новата кинеска вселенска станица. Тоа ќе биде пресвртница за жените астронаути и вселенската програма на Пекинг.

Ванг Јапинг е дел од тричлениот тим за вселенската станица Тијангонг (Небесно место), каде ќе стане првата жена од Кина која "прошетала" низ станицата.

Кина планира да ја заврши и целосно да ја насели вселенската станица до декември 2022-ра година, што е амбициозен план кој, барем засега, делува остварливо. Минатиот месец, тројца други кинески астронаути успешно минале три месеци во станицата, во текот на кои два пати излегле во вселената за да ја инсталираат опремата.

Овој пат, тимот на Ванг ќе остане 183 дена, најдолго за некој кинески екипаж. Во вселенската станица ќе и се приклучи и командантот на мисијата Жаи Жиганг и Је Гуангфу.

Нивното летало би требало да полета од пустината Гоби на северозападот на Кина во сабота рано наутро. Подготовките за нивното заминување траат веќе некое време. Минатиот месец, товарен брод испорачал шест тони храна, вода, боци со кислород, вселенски одела и други работи неопходни за работењето на станицата.

Ова ќе биде втора вселенска мисија за Ванг. Како мајор во кинеските воздухопловни сили и пилот на транспортни авиони, таа во 2010-та година била регрутирана за астронаут.

Минала 15 дена во орбитата во 2013-та година. Со пробен модул од вселенската станица одржала научно предавање кое го слушале 60 милиони студенти ширум Кина - им покажувала како се однесува течноста во вселената, кунг фу потези и одговарала на прашања. Во интервју за CNN кое го дала во 2015-та година, Ванг се потсетила на првиот момент кога ја видела Земјата од вселената.

"Кога прв пат погледнав низ прозорецот, го сфатив вистинското значење на моќта на животот - таква убавина не може да се сфати и да се разбере", рекла таа.

Ванг смета дека вселенската програма на Кина би била нецелосна без жена астронаут.

"На некој начин тоа е слично со улогата на жената во семејството. Жените имаат одговорност. Исто така, сериозните мисии ги правиме подомаќински и попријатни", рекла таа.

Женските членови на екипажот се и практична предност, вели Ванг.

"Жените астронаути се полесни од мажите и поекономични за мисијата", објаснила таа.

Ванг е втора жена од Кина во вселената, по Лиу Јанг. Лиу во 2012-та година се запишала во историските книги кога биле дел од тричлениот екипаж на мисијата Шенжу-9 и станала инспирација за жените во Кина. Вселенската мисија на Лиу уследила точно 49 години откако Советскиот сојуз ја пратил Валентина Терешкова во вселената. Терешкова била првата жена која отишла во надворешната вселена.

Жените астронаути прилично напредувале од мисијата на Терешкова. НАСА наведува дека до март оваа година, 65 жени биле во вселената како космонаути, астронаути, експерти и членови на екипажи во вселенските станици.


Во 1983-та година астронаутот и физичар Сели Рајд станала прва Американка во вселената, во моментот кога мачо-вселенската индустрија немала многу познавање за женските потреби. Додека Рајд се подготвувала за пат, инженерите на НАСА ја прашувале колку тампони и се потребни за една недела во вселената. "Дали се 100 доволно?", се потсетила Рајд дека ја прашале.

Кинеските државни медиуми пренеле дека специјално за Ванг пратиле 60 шишенца тонер, 30 шишенца серум и 30 шишенца креми за лици, како и женски хигиенски производи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг