Кејт Мидлтон уште еднаш докажа дека е кралица на стилот: Ја носи бојата на есента, а притоа совршено ѝ прилега

Кармин

13/10/2021

21:31

5.238

Големина на фонт

а а а

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон секогаш е совршено облечена. Таа има свој тил кој е многу класичен и елегантен.

Иако е дискретен, префинетиот стил е нешто кон што Кејт секогаш се стреми, па така, одвреме-навреме носи парчиња кои се во тренд или имаат некоја живописна и впечатлива боја.


За време на настанот во Кралската ботаничка градина, каде што децата се охрабруваат да покажат иновативни идеи за зачувување на планетата, сопругата на принцот Вилијам се појавила во светло зелена нијанса, со што го привлекла вниманието на присутните.

Таа облекла црни панталони, долу широки - т.н. ѕвонарки, ремен кој го истакнал нејзиниот струк и сето тоа го искомбинирала со блуза и капут во интересни и силни зелени нијанси.


Носела дискретен накит, црни салонки и малку шминка.

Војвотката избрала боја која е во тренд оваа есен, па не е ни чудно што ги привлекла погледите, бидејќи оваа боја е одлична за разбивање есенска монотонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk