СЗО: Се препорачува дополнителна доза вакцина за лица со ослабен имунитет

Макфакс

11/10/2021

19:20

9.806

Големина на фонт

а а а

Експертскиот панел на Светската здравствена организација (СЗО) препорача на лицата со умерено и значително ослабен имунитет да им се даде дополнителна доза вакцина против Ковид-19 одобрена од организацијата.

Експертите на СЗО посочуваат дека не станува збор за препорака на трета доза за општата популација.

„Препораката што сега ја даваме е имунокомпромитираните лица да добијат дополнителна доза за да го зголемат својот имунолошки одговор на потребното ниво на заштита и со тоа да спречат развој на тешка форма на болеста, која би предизикала хоспитализација или смрт“, вели Кејт О’Брајан, директор на одделот за вакцинација на СЗО.

Комисијата соопшти дека за лица постари од 60 години, трета доза е потребна за пациенти кои ја примиле вакцината од кинеските компании Синовак и Синофарм. Третата доза може да биде друг вид вакцина, додаде комисијата на СЗО на прес -конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг