(Видео) Погледнете го полетувањето на Спејс Икс кон Земјината орбита - за првпат целосно цивилен екипаж полета во вселената!

Точка

16/09/2021

10:30

13.771

Големина на фонт

а а а

Ракетниот брод Спејс Икс полета од Флорида со својот целосно цивилен екипаж кој некогаш бил лансиран за лет кон Земјината орбита.

Леталото на Спејс Икс од вселенскиот центар Кенеди на 'ртот Канавера го изнајмил американскиот милијардер Џаред Ајзакман, 38 годишен основач и главен директор на компанијата за финансиски услуги Шифт фор Пејмент, воедно и искусен пилот.

Покрај Ајзакман, во леталото има уште три лица, а овој квартет на аматерски вселенски патници со месеци се подготвувал за летот.

Се очекува дека летот, првата мисија со екипаж која полета во орбитата без професионални астронаути, ќе трае околу три дена од лансирањето до враќањето во Атлантик, рекле официјалните лица на мисијата.

Цената на влезниците е 200 милиони долари

Ова е дебитантски лет на новиот орбитален туристички бизнис на сопственикот на Спејс Икс, Илон Маск, што е чекор пред конкурентите кои исто така понудија возење со ракетни бродови на купувачи кои се подготвени да платат мало богатство за возбудлив лет во вселената.


Не е официјално објавено колку Ајзакман платил за овој лет во вселената, но магазинот Тајм проценил дека цената за сите четири места чини 200 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг