Може само ако сте Лурдес Леон: Ќерката на Мадона пристигала гордо недепилирана на Мет Гала и во морето со убавици

Кармин

14/09/2021

22:23

11.157

Големина на фонт

а а а

Мадона не се појавила на овогодишната Мет Гала, но затоа нејзината ќерка Лурдес пристигнала во шокантно смело издание.

Лурдес Леон, 24-годишната ќерка на Мадона и Карлос Леон, имала свое модно деби на овогодишната Мет Гала.


Иако нејзината мајка не присуствувала на престижниот настан во Њујорк, кој сигурно ќе го одбележи септември, Лурдес, позната и како Лола, уште еднаш нашла начин како спектакуларно да го привлече вниманието. Таа тоа го умее!


Облеката не успеала да привлече толкаво внимание како она што Лурдес сака да го истакне, а тоа се - влакната. Таа му припаѓа на таборот кој ја истакнува природата на женското тело, па така, не сака и не поддржува депилација, дури и кога се работи за модни настани кои се паметат. Лурдес гордо ги покажала пазувите, рацете, ѝ позирала на камерата...


Инаку, таа неодамна се појави на насловната страница на септемвриското издание на „Вог“.


„Луѓето мислат дека сум богаташка без талент на која сè ѝ е дадено, но не сум“, рекла тогаш.

Додала и дека сама си го платила школувањето и дека одлучила да живее далеку од Холивуд, во уметничката населба Бушвик во Бруклин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk