Викторија е манекенка со инвалидитет која ги руши сите предрасуди: Таа е доказ дека соништата се остваруваат

Кармин

14/09/2021

17:24

6.406

Големина на фонт

а а а

23-годишната Викторија Салседо од Гвајакил, Еквадор, на 5-годишна возраст ги изгубила двете раце и левата нога кога преживеала струен удар.

Несреќата се случила на 11-ти ноември 2001 година кога Викторија си играла во својата соба и со метална шипка случајно допрела жица под висок напон. Струјниот удар ѝ предизвикал изгореници од трет степен, а докторите морале да ѝ ги ампутираат двете раце и едната нога.

Растејќи без екстремитети, Викторија морала повторно да ги учи сите основни задачи. По несреќата ѝ биле вградени протези, но никогаш не ги сакала. Како што растела, ѝ било тешко да развие свест за тоа дека се разликува од другите.


„Размислував многу за тоа што прво би направила кога би имала раце. Но, знам дека тоа е невозможно така што таквите мисли повеќе не ме мачат“, вели Салседо.

И покрај инвалидитетот, оваа млада девојка одлучила да се пријави на натпреварот за Мис Еквадор и да ги сруши сите предрасуди. На тој начин сакала да испрати порака и да го подигне гласот за сите оние кои се сомневаат во себе.


И покрај напорите, Викторија не успеала да се пласира помеѓу 10-те финалистки за Мис Еквадор, но со своето појавување таа направила и многу повеќе од тоа. Имено, иницирала разговори поврзани со лицата со инвалидитет и сонот и тие еден ден да бидат крунисани.

„Најмоќното оружје кое човекот го има е отпорноста и способноста да се прилагоди на нови околности и да го извлече најдоброто од секоја ситуација“, порачува 23-годишната девојка и додава:

„Сè е во ставот кон животот и вербата во себе. Јас сум жена со соништа и ако не преземам нешто, никој нема да го направи тоа за мене“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk