Чиа пудинг со смокви: Превкусен оброк полн со железо и антиоксиданти

Кармин

14/09/2021

15:46

6.525

Големина на фонт

а а а

Чиа семето е одличен избор за здрав оброк или ужина, ако водите грижа за урамнотежена исхрана.

Чиа семето му помага на нашиот организам да се снабди со минерали како железо, калциум, магнезиум, но и содржи голема количина на важни антиоксиданти.

Најмногу ќе ве израдува фактот дека овој лесен десерт не бара готвење – потребни ви се чиа семе, некое растително млеко како соино, бадемово, кокосово млеко... и сезонско овошје. Вака подготвен оброкот во тегла можете да го носите на работа како појадок или ужина, а во овој случај користиме смокви како природен засладувач.


Чиа семето за кратко време стекна огромна популарност, па искрено се надеваме дека ќе го сместите и во вашата исхрана.

Потребни состојки:

- 300 мл. бадемово млеко (или млеко по желба)
- 50 гр. чиа семе
- 1-2 лажици малтекс (ако сакате да биде поблаго)
- неколку овесни кекси или овесни снегулки
- 100 гр. смокви
- 100 гр. овошје за декорација по избор

Начин на подготовка:

Измијте ги смоквите и исечете ги на крукчиња. Помешајте го чиа семето со млекото и малтексот во посебен сад и добро промешајте. Издробете ги овесните кекси, ставете ги на дното на теглата и додајте малку од млекото со чиа семето. Околу ѕидовите на теглата наредете ги смоквите на крукчиња, па додајте го останатото млеко со чиа семе. Ставете ја теглата во фрижидер на неколку часа или преку ноќ и следното утро декорирајте со овошје по избор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk