Вакцината на Модерна штити подобро од делта сојот отколку вакцината на Фајзер, покажуваат истражувањата

Точка

13/09/2021

16:23

15.172

Големина на фонт

а а а

Истражувањата, чии резултати се засноваат на податоци собрани од 600.000 Американци, покажуваат дека ефикасноста на вакцините започна да опаѓа откако делта сојот на коронавирусот стана доминантен.

Едно објаснување би можело да биде постепеното слабеење на имунитетот, а друго дека делта сојот на „досетлив“ начин успева да ги избегне замките на имунолошкиот систем.

Но, може да станува збор и за комбинација од овие две претпоставки.


Резултатите од студиите покажале дека, во борбата со делта сојот, од трите различни компании чии вакцини кои се одобрени во Америка, најуспешна е вакцината на Модерна. Оваа вакцина штити дури 95 отсто, додека вакцината на Фајзер штити 80 отсто, а вакцината на Џонсон и Џонсон 60 отсто.

Тоа одговара на резултатите и на помалата студија на клиниката Мејо од август која исто така покажа дека вакцината на Модерна штити подобро од делта сојот отколку вакцината на Фајзер/Бионтек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг