Велат дека недостигот на талент го прикрива со голотија: Дали ваков фустан е соодветен за црвен тепих?

Кармин

13/09/2021

14:39

16.197

Големина на фонт

а а а

Зад нас е уште едно доделување на наградите „MTV VMA“, а сите медиуми се преплавени од фотографиите на Меган Фокс која се појавила во целосно проѕирен фустан.

Актерката дошла во придружба на своето момче Машин Ган Кели со кого разменувала страсни бакнежи. За Меган се зборува дека е сексапилна, дека има најзгодно тело во Холивуд, но исто толку незгоден карактер и многу малку актерски талент. Поради сето тоа таа овие денови се има претворено во совршена придружба на своето бунтовно момче.


На црвениот килим Фокс се појавила во целосно проѕирен фустан кој го откривал нејзиното бујно деколте, но и танга гаќичките. Тука немало простор за имагинација бидејќи сè се гледало.


Откако започна врска со музичарот, Меган е на мета на папараците кои го следат секој нејзин чекор што многу ѝ годи. За да продолжи таа пракса, актерката им дава разни „материјали“ на папараците во форма на провокативно однесување, но и облекување.

Откако го запозна Кели, Меган веднаш побара развод од актерот Брајан Остин Грин со кого има три деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk