"Hyundai" во соработка со "Rimac Automobili претстави концептен хибриден автомобил на водород

Точка

07/09/2021

18:33

33.727

Големина на фонт

а а а

"Vision FK" е концептен хибрид со два мотори со 670 коњски сили кој може да достигне брзина до 100 км/ч. за помалку од четири секунди.

На "Hydrogen Wave Forum" од "Hyundai" ги објавиле плановите за нов бран производи и технологии базирани на водород и го најавиле ""Hydrogen Vision 2040", визија со која сакаат да придонесат за популаризацијата на водородот како гориво во текот на следните две децении. Меѓу бројните интересни и футуристички производи, посебно интересен е хибридниот концепт "Vision FK coupe". Имено, тој модел е направен во соработка со "Rimac Automobili", компанија во која, потсетуваме, "Hyundai" пред нешто повеќе од две години вложил 80 милиони евра.

Ова концептно возило, чиј развој и натаму трае, би требало да стане основа за возилата на "Hyudai" со погон на водород кои ќе имаат врвни перформанси. За тие перформанси најдобро зборуваат бројките - сила од 670 коњски сили, која ќе го доведе автомобилот до "стотка" за помалку од четири секунди. Автомобилот има два мотори, а благодарение на големата батерија и резервите на водород како погонско гориво, без застанување за полнење автомобилот би можел да мине 600 километри.


При претставувањето на автомобилот, првиот човек за истражување и развој во "Hyundai Motor Group", Алберт Биерман посебно го споменал "Rimac Automobili", со кој соработувал на различни полиња, па така заедно работеле и на моделот "Vision FK". Бидејќи станува збор за концептен автомобил кој се уште е во развој, Биерман вели дека во иднина и на другите автомобилски саеми ќе се гледа еволуцијата на "Vision FK", со кој сакаат да ги "поместат границите на технологијата со водород".

Како изгледа хибридната комбинација со батерија и резервоар со водород погледнете во приложеното видео и на фотографиите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг