Летото е како создадено за комбинезони, а оваа сезона тие се попопуларни од некогаш. Ова парче одлично им прилега речиси на сите жени, а може да се носи во најразлични прилики.
Во продавниците можете да пронајдете од ултра кратки до целосно долги модели, а на вас останува само да го изберете оној по свој вкус.
Моментално се во фокус комбинезоните со цветен дезен, но и еднобојните. Тие можат да се комбинираат со буквално секакви обувки – од патики, рамни сандали преку папучи па сè до високи потпетици.
Ние денеска ви претставуваме неколку интересни начини како да ги комбинирате комбинезоните по примерот на познатите дами – погледнете: