Колач со лаванда и лимон: Летен десерт кој мора да го пробате!

Кармин

03/08/2021

16:43

1.952

Големина на фонт

а а а

Колачот со лаванда и лимон е одличен за сервирање со попладневен чај или кафе, може да се служи и како десерт по ручек, во лето е совршен избор поради лесната текстура…

Потребни состојки:

- малку путер за подмачкување на плехот
- 300 гр. шеќер
- една лажичка сушена лаванда
- 125 гр. бело брашно
- по половина лажичка прашок за пециво и сода бикарбона
- прстофат сол
- 2 јајца
- 250 гр. грчки јогурт
- 125 мл. маслиново масло
- рендана кора од лимон плус една лажица сок од лимон
- шеќер во прав и гранчиња свежа лаванда за декорација


Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Подмачкајте го плехот за печење (тркалезен со дијаметар од 22 центиметри или оној за куглоф) и ставете хартија за печење на дното.

Во блендер ставете ги шеќерот и лавандата и блендирајте додека лавандата не се иситни. Просејте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта заедно во еден сад. Потоа додајте ги лавандата и шеќерот.

Во посебен сад изматете ги јајцата со јогуртот и маслото. Направете дупка во средината на сувите состојки и постепено додавајте ги течните. Додајте ја кората од лимон и сокот, но не мешајте премногу.

Истурете ја смесата во подготвениот плех/калап за печење. Печете 45-50 минути, извадете го колачот наопаку, одлепете ја хартијата и оставете да се излади. Посипете со шеќер во прав (или направете глазура) пред сервирање и украсете со гранчиња свежа лаванда.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk