Длабок шлиц и извајани нозе во прв план: Стајлингот на шпанската кралица е лекција за секоја жена

Кармин

03/08/2021

14:33

5.444

Големина на фонт

а а а

По неколкудневна жалост поради смртта на бабата Марија дел Кармен Алварез дел Ваљe со која била многу блиска и која ѝ ја всадила љубовта кон новинарството, кралицата Летиција им се врати на бројните кралски должности.

Таа неодамна присуствувала на свеченото затворање на филмскиот фестивал „Atlàntida Mallorca Film Festa“ кој се одржува во Палма де Мајорка.

Кралицата заедно со својот сопруг и ќерките моментално престојува во ова познато туристичко место, каде ги комбинираат кралските обврски и јавните настани со слободните денови.


По повод завршната вечер на филмскиот фестивал, шпанската кралица заблескала во уште една одлична модна комбинација. Овојпат таа се одлучила за софистициран темносин фустан со нагласен струк и висок шлиц, кој го става акцентот на витките нозе.

Со ефектниот „врап“ фустан со потпис на шпанскиот бренд „Garcon“, Летиција искомбинирала сандали во металик нијанса од уште еден шпански бренд – „Magrit“.


Елегантниот стајлинг го надополнила со мала „Carolina Herrera“ чанта на преклоп и блескави обетки. Косата ја собрала во ниска пунџа со опуштени прамени кои ѝ го истакнувале лицето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk