„Кариоките“ непогрешливи во пенал рулетот, Бразил во трето последователно финале на ОИ

Дерби

03/08/2021

13:52

2.352

Големина на фонт

а а а

Бразилската фудбалска репрезентација ќе се бори за златниот медал на Олимписките игри во Токио, откако во тесното и цврсто полуфинале против Мексико, покажа повеќе умешност во фудбалската лотарија.

„Кариоките“ успеаја да излезат како победници во пенал рулетот со Мексиканците, без оглед на тоа што се чинеше дека противничкиот голман е добро разбранет во текот на 120те минути.

Очоа беше извонреден меѓу стативите и го зачува својот гол, па откако по 120 минути беше 0:0, одлуката падна на изведување удари од 11 метри.

Мексиканскиот чувар на мрежата не успеа да одбрани ниту еден пенал, а за разлика од него, Сантос беше далеку поуспешен и излезе како победник во оваа пресметка со Очоа.

Во победата од 4:1 во пеналите, стрелци беа Дани Алвес, Мартинели, Гимараеш и Реинер, додека непрецизни за Мексико беа Агире и Ваксез (единствениот гол го постигна Родригез). За Бразил ова е трето последователно финале на Олимписките игри, бидејќи во 2012-та година го освоија сребрениот, а во Рио во 2016-та златниот медал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг