Нетфликс конечно го објави долгоочекуваниот трејлер за последната сезона на мега популарната серија "La Casa de Papel"

Точка

03/08/2021

13:30

2.942

Големина на фонт

а а а

Трејлерот за петтата сезона на популарната шпанска серија "La Casa de Papel" конечно беше објавен. Овој пат серијата ќе биде поделена во два дела од по пет епизоди кои ќе се емитуваат во растојание од три месеци.

Трејлерот започнува со снимките од бандата која сега е затворена во централната банка на Шпанија повеќе од 100 часа. Успеале да ја спасат Лисабон, но нивниот најмрачен момент е кога ќе изгубат еден од нивните.

Во видеото иста така се прикажува како Професорот е уапсен од инспекторката Сиера и за првпат тој нема план за бегство.


"100 часа изгледаат како 100 години", вели Токио опишувајќи ја моменталната ситуација во трејлерот.

"Предавството не е опција", пишува во описот на официјалниот постер на петтата сезона кој е објавен на Твитер профилот.

Официјалниот синопсис на сезоната наговестува развој на настани и нови борби кои можат да се видат и во трејлерот.

"Токму кога изгледа дека ништо не може да тргне погрешно, на сцена настапува непријател кој е многу помоќен од сите со кои се соочиле: војска. Се ближи крајот на најголемата кражба во историјата, а она што започна како кражба ќе се претвори во војна".



Спонзорирани линкови

Маркетинг