Ким Кардашијан на мета на фановите поради Фотошоп: Во прв план е нејзиниот огромен задник, но сето тоа делува неверојатно совршено!

Кармин

03/08/2021

23:55

7.934

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан на Инстаграм објавила фотографија на која позира на плажа.

Во мини бикини ги истакнала облините, а нејзината објава собрала повеќе од 3 милиони допаѓања.

Освен многуте пофалби кои ги добила на сметка на изгледот, некои од нејзините следбеници во коментарите тврдат дека ријалити ѕвездата посегнала по фотошоп и претерала со уредување на фотографиите.

„Колку долго ти требаше да ги средиш фотографиите?“, прашал еден од следбениците.

„Можеш да признаеш дека си фотошопирана на фотографијата? Ова е тотално фотошопирано“, се надоврзале други.

Имало и такви кои застанале во нејзина одбрана и пишувале дека луѓето се само љубоморни на неа, пишуваат американски медиуми.

Инаку, Ким неодамна објавила стари фотографии и покажала модни комбинации кои ги носеле пред неколку години. Следбениците тогаш ѝ порачале дека многу се променила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk