Ким Кардашијан на Инстаграм објавила фотографија на која позира на плажа.
Во мини бикини ги истакнала облините, а нејзината објава собрала повеќе од 3 милиони допаѓања.
Освен многуте пофалби кои ги добила на сметка на изгледот, некои од нејзините следбеници во коментарите тврдат дека ријалити ѕвездата посегнала по фотошоп и претерала со уредување на фотографиите.
„Колку долго ти требаше да ги средиш фотографиите?“, прашал еден од следбениците.
„Можеш да признаеш дека си фотошопирана на фотографијата? Ова е тотално фотошопирано“, се надоврзале други.
Имало и такви кои застанале во нејзина одбрана и пишувале дека луѓето се само љубоморни на неа, пишуваат американски медиуми.
Инаку, Ким неодамна објавила стари фотографии и покажала модни комбинации кои ги носеле пред неколку години. Следбениците тогаш ѝ порачале дека многу се променила.