Двајца полицајци кои на 6-ти јануари биле задолжени за спречување на упадот во Капитол Хил извршиле самоубиство, како што соопштила полицијата во округот Колумбија, со што бројот на познати самоубиства на полицајци кои ја чувале зградата тој ден се зголемил на четири, пренесува хрватски "Index".
Полицаецот Гантер Хашид е пронајден мртов во својот дом во четвртокот, наведено е во соопштението. Хашид се приклучил кон Метрополитанската полиција (MPD) на округот Колумбија во мај 2003-та година.
Друг полицаец на "MPD" кој на 6-ти јануари го бранел Капитол, Кајл ДеФрејтаг, бил пронајден мртов на 10-ти јули, се додава во соопштението. Како причина за смртта на ДеФрејтаг исто така се наведува самоубиство. Тој во полициската управа бил од ноември 2016-та година.
DC Police tonight confirm Officer Kyle deFreytag (assigned to 5th District) died by suicide July 10th. He is the 4th police officer who defended US Capitol on 1/6 to take his own life @nbcwashington pic.twitter.com/hXBKwOWN0M
— Jackie Bensen (@jackiebensen) August 3, 2021
Полицаецот на "MPD" Џефри Смит и службеникот на Капитолската полиција, Хауард Либенгуд, кои исто така биле задолжени за регулирање на нередите во Капитол, исто така извршиле самоубиство.
Стотина приврзаници на тогашниот американски претседател Доналд Трамп тој ден упаднале во зградата во Капитол Хил во неуспешниот обид да го спречат Конгресот да ја потврди победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори. На денот на насилствата починале четири лица, а следниот ден починал полицаец од Капитол кој бил нападнат од масата.
Во нападот биле повредени повеќе од 100 полицајци, а наредите биле и причина за второто судење на Трамп за отповик. Поради насилствата тој ден биле уапсени повеќе од 500 луѓе.
Четворица полицајци во текот на сведочењето минатата недела пред одборот на Претставничкиот дон на Конгресот рекле дека на тој 6-ти јануари ги тепале, им се заканувале, ги навредувале на расна основа и дека тој ден се плашеле за своите животи.