По појавата во популарниот спот зборуваа дека нема поубава жена на светот од неа: Еве што прави и како изгледа денес популарната дама

Кармин

29/07/2021

14:40

11.145

Големина на фонт

а а а

Нејзините сини очи, нежен изглед на лицето и долгата коса влијаат за тоа покрај талентот, актерката да остане запаметена како една од најубавите жени на светот.

Лив Тајлер сите ја знаеме од спотот за песната „Crazy“ од групата „Aerosmith“. Било невозможно да не се забележи преубавата девојка на која ѝ се „смешка“ прекрасната кариера.

Родена е на 1 јули 1977 година, а нејзините родители исто така се познати - мајка ѝ е модел, а татко ѝ е популарен музичар, Стивен Тајлер.

За својот однос со мајка си, Лив своевремено зборувала: „Дури и кога сама станав мајка, сфатив низ што поминала мојата мајка. Замислете, луди 70-ти, сите се забавуваат, вие сте 23-годишна девојка од Мејн која дошла да го освои Њујорк и потоа преку ноќ се наоѓате во улога која баш и не сте ја планирале - самохрана мајка. Мора тоа да било застрашувачко“.

Инаку, нејзината мајка забременила со Стивен иако била во официјална врска со музичарот Тод Рандгрин:

„Мајка ми веќе призна дека Тод не ми е татко, а кој може да биде тоа сфатив кога ме однесе на концерт на „Aerosmith“ и кога го погледнав Стивен Тајлер и Миа која изгледаше како моја близначка. Ја прашав мајка ми дали Стивен е мојот татко, а таа се расплака. По шокот, се пошегував дека Божиќ отсега ќе биде многу интересен. Денес сум пресреќна поради тоа што во мојот живот можам да кажам дека сум имала двајца татковци, преполни со енергија, луди и урнебесно забавни уметници, како и многу браќа и сестри. Се викаме чопор Тајлерови“, изјавила таа.

Сепак, нејзината комплицирана семејна приказна не влијаела на професијата.

Да ве потсетиме, актерката остварила голем број филмски улоги...

Од 2014 година е во врска со Дејвид Гарднер. Интересно е што нив ги споила Кејт Мос, а парот првото дете го добил во 2015 година. Една година подоцна пристигнала и Лула Роуз.

Инаку, Лив има и син Мајл од бракот со музичарот Ројстон Лангдон, а Дејв има син од својот петгодишен брак.

Живеат во Англија, водат мирен и семеен живот, а мора да признаеме дека Лив изгледа прекрасно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk