Приказната за најтажната прва дама на светот: Ја преживеала смртта на сопствените деца, најубавата жена на светот ѝ го „крадела“ сопругот, а потоа...

Кармин

28/07/2021

14:03

5.920

Големина на фонт

а а а

Веројатно најпопуларната дама на сите времиња била Џеки Кенеди.

Родена на денешен ден 1929 година, а денеска би наполнила 92 години.

Освен што била најсакана, со причина ја нарекувале и најтажната прва дама на светот. Можеби тоа е само дел од тоа што го нарекувале проклетство на семејството Кенеди.


Жаклин Кенеди Оназис Ли Бувие потекнувала од угледно француско-американско семејство, а студирала француска книжевност.

Односот со нејзината сестра Ли Радзивил бил турбулентен, па малкумина би кажале дека меѓу нив постои вистинска сестринска љубов.

Џеки нејзиниот сопруг Џон Кенеди го запознала на една прослава на која бил и нивен заеднички пријател, новинарот Чарлс Бартлер.

Кенеди по една година, есента, станал сенатор, а нивната врска била поинтензивна. Набрзо ја запросил, па Џеки веднаш се согласила на бракот. Се вериле во 1953 година пролетта, а во септември се венчале.


На нивната венчавка имало дури 70 високи функционери, но сепак идилата не траела долго - набрзо почнале проблемите.

Прво Џон боледувал од Адисонова болест поради што следеле операции на грбот. Патењето следело и на планот на потомство.

Џеки двапати имала спонтан абортус, а во 1955 година на свет донела мртво бебе.

Кога подоцна зборувале за девојчето кое го изгубиле Џеки сентиментално ја нарекувала Арабела.

Првото дете, ќерката Каролина ја добиле во 1957 година, а во 1960 година станале родители на Џон Ф. Кенеди Јуниор.

Џон ја изневерувал Џеки, а тоа било добро познато децении подоцна.


Се пишуваше дека Џеки знаела за сите негови афери, ги знаела неговите љубовници, знаела и каде се сретнува со нив, но не патела премногу поради тоа, сè додека не доживеала јавен срам.

Најголемата афера на Џон и онаа која Џеки ја мразела била таа со Мерилин Монро.

Една од најпознатите русокоси на сите времиња била „луда“ по Кенеди, а опасноста од аферата да стане скандалозна секогаш била присутна. Мерилин го сакала Џон, сонувала за тоа да се венча со него и дека ќе стане прва дама.

Кога еднаш ја повикала Џеки Кенеди ѝ рекла дека Џон ѝ ветил брак, но сепак првата дама била смирена.


„Мерилин, венчај се за Џон, всели се во Белата куќа, биди прва дама со сите должности. Тогаш јас ќе се отселам, а ти ќе ги добиеш сите проблеми“, ѝ рекла Џеки.

Од друга страна, Џон секогаш зборувал дека Мерилин не е материјал за прва дама. Монро починала во 1962 година, а во атентатот во Далас во 1963 година настрадал и претседателот.

Таа година Џеки искусила уште една смрт на свое дете, кога го изгубила синот Патрик.

Таа се повлекла од јавноста, ја изгубила вербата, а подоцна повторно ја нашла љубовта и влегла во брак со Аристотел Оназис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk