Лејди Гага со уште еден „луд“ стајлинг: Пејачката прошетала во вртоглаво високи потпетици од 30 центиметри

Кармин

28/07/2021

10:15

7.410

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лејди Гага била фотографирана на улиците на Њујорк при напуштање на едно телевизиско студио, а за таа прилика облекла вртоглаво високи потпетици од дури 30 центиметри.

Лејди Гага е позната по својот екстравагантен стил на облекување, а тоа било случај и овојпат. Пејачката била на снимање на емисија, а за таа прилика носела црн тесен фустан, црни кожни чизми со платформа висока речиси 30 центиметри, додека во рацете носела црна чанта.


Целиот изглед го надополнила со очила за сонце, а косата ѝ била врзана во висока пунџа. Друштво ѝ правел нејзиниот телохранител кој ја следел во секој чекор додека таа потпишувала автограми за своите фанови.

„Што е тоа што го носи на нозете?“, „Јас не би можела ниту еден метар да прошетам во овие чизми“, „Неверојатно е колку е разубавена, ако ги занемариме чевлите“, гласат коментарите на обожавателите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk