Овие жени ја менуваат историјата на спортот: „На денот на натпреварувањето ќе одлучиме што ќе облечеме“

Кармин

26/07/2021

15:36

14.522

Големина на фонт

а а а

Тимот германски гимнастичарки ја повтори пораката која сè почесто се слуша - време е да се запре сексуализирањето на спортистките.

Најпрвин тоа го порачаа ракометарките од Норвешка кои се побунија поради тоа што морале да носат бикини гаќички, а сега истото го повториле и гимнастичарките од Германија.

Тие на тренинг се појавиле облечени спротивно од традицијата, сè во знакот на борба против сексуализацијата на оваа спортска дисциплина. Така, гимнастичарките на Олимписките игри во Токио носеле комбинација од трико и хеланки во боја на фуксија, што е потполно поинакво од традиционалните трикоа кои инаку ги носат. Откако добија пофалби и одобрувања од колешките од целиот свет, договорено е дека сами ќе одлучат што ќе носат на квалификациите - дали тоа ќе биде дрес, комбинација од трико и хеланки или традиционално трико.


„Сакаме да докажеме дека секоја жена треба сама да одлучи што ќе облече. Тоа не значи дека повеќе не сакаме никогаш да не облечеме традиционална опрема. Тоа значи дека сакаме избор бидејќи тоа е одлука која се менува врз основа на тоа како се чувствуваме и што сакаме. На денот на натпреварувањето ќе одлучиме што ќе облечеме“, порачала Елизабет Сеиц, една од натпреварувачките.

За жените, стандарден дрес е трико кое може да има долги ракави, но може да биде и без ракави. Облеката која ги покрива нозете е дозволена во правилникот за гимнастика, но до денес се користела само од верски причини.


Атлетичарката Сара Вос изјавила дека тренерите стојат зад нивните одлуки и дека сакаат натпреварувачките да се чувствуваат колку што е можно најудобно и најсигурно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk