Во чаша топла вода додајте ја оваа состојка и измијте ја косата со неа: Ослободете се од првутот на природен начин

Кармин

21/07/2021

16:33

3.924

Големина на фонт

а а а

Првутот се ситни честички кои настануваат со лупење на мртвата кожа на главата, а дури 87 отсто од луѓето ширум светот се соочуваат со овој проблем.

Овие мали лушпи спонтано паѓаат од површината на главата и од таа причина често најпрвин се забележуваат на облеката и рамената.

Причини за настанување на првут има многу, а ова се најчестите:

- сува кожа
- стрес и умор
- недостаток од сон
- студено време
- кожни проблеми како егзема и псоријаза
- неправилно четкање на косата

Решението за овој проблем е сода бикарбона


Сигурно ви е познато дека сода бикарбоната е добра за нашиот организам, но дали сте знаеле дека може да го реши проблемот со перутањето на темето?

Таа ги отстранува мртвите клетки од скалпот и на тој начин спречува понатамошна појава на првут. Освен тоа, таа го регулира и нивото на PH на кожата, со што се спречува појава на габи и бактерии.

За подготовка ви се потребни 1 лажичка сода бикарбона и половина шолја топла вода. Добро измешајте и кога ќе добиете хомогена смеса, измијте ја косата, добро втривајќи ја во темето на главата.

Откако ќе ја измиете смесата, продолжете со негата на коса на вообичаен начин.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk