Класичните венчаници одат во заборав? Сопругата на фудбалерот Верати во елегантно одело од тантела на својата венчавка

Кармин

21/07/2021

12:15

5.683

Големина на фонт

а а а

Марко Верати, италијанскиот репрезентативец, продолжил со славењето и по освојувањето на Европското првенство. Имено, тој минатиот петок се ожени со манекенката Џесика Аиди.

Верати и Аиди се венчале на раскошна париска церемонија, опкружени со семејството и пријателите, а невестата за оваа прилика ја отфрлила традицијата, па наместо венчаница избрала одело.

Џесика носела раскошно бело одело со потпис на „Долче и Габана“, целосно изработено од тантела, кое чини речиси 4.000 евра. Својот изглед го надополнила со ефектен златен ѓердан и бели сандали со ремчиња, додека нејзината фризура била собрана во елегантна пунџа.


Во последно време, сè почесто гледаме дека елегантните одела ги заменуваат класичните венчаници, а неодамна во таква креација се омажи и унгарскиот модел Ванеса Аксенте.

Во продолжение, ви претставуваме неколку идеи доколку сакате да бидете смели и да одберете нешто поалтернативно за вашиот ден од соништата:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk