Висок шлиц и исклучително длабоко деколте: Нина Добрев се појавила на Кан во креација за која е потребна храброст

Кармин

19/07/2021

23:55

10.790

Големина на фонт

а а а

Во петокот вечерта во рамки на Канскиот филмски фестивал беше одржана познатата „amfAR“ манифестација, а ѕвезда на истата била актерката Нина Добрев која покажала дека едноставноста, класиката и умереното истакнување на сексапилот ништо не може да ги замени.

Популарната бугарско-канадска актерка се појавила во црна тесна тоалета со длабок шлиц кој ги откривал нејзините витки нозе. Но, оваа креација уште поатрактивна ја направило исклучително длабокото деколте за кое дефинитивно треба храброст! На Нина очигледно не ѝ недостасувало смелост, со оглед дека прилично самоуверено прошетала по црвениот тепих и со гордост позирала пред собраните фотографи.


Овој едноставен, но моќен фустан го надополнила со црни салонки од превртена кожа, луксузна кожна чанта во истата боја и ефектен ѓердан од сребрени циркони.

Добрев се одлучила за минимална шминка и едноставна фризура, за акцентот да остане на тоалетата.


Инаку, 32-годишната актерка пристигнала сама на настанот, без своето момче - професионалниот сноубордер и музичар Шон Вајт. Парот е заедно од почетокот на 2020 година, а наводно има големи планови за заедничка иднина.

„Врската на Нина и Шон е сериозна и многу им е убаво. И двајцата се активни, забавни, обожуваат авантури, а можат да разговараат за се и уживаат во длабоките разговори. Нина е многу отворена личност, полна со љубов, многу го сака Шон и е среќна што тој е дел од нејзиниот живот“, раскажал неодамна извор за „Daily Mail“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk