(Епизода 12) „Дали сте знаеле дека“ - со Петре Шилегов: „Како млад носев долга коса и имав проблеми со наставниците“

Точка

09/07/2021

22:51

5.190

Големина на фонт

а а а

Таткото на Скопје, Петре Шилегов, е првиот политичар во нашата забавна рубрика „Дали сте знаеле дека“, во која откриваме непознати факти за приватниот живот на познатите личности во Македонија.

Епизода 12 му ја посветуваме на Шилегов, кој без проблем се согласи да биде дел од забавниот дел на Точка.

Честопати мислиме дека за политичарите знаеме сè, дека нивниот живот нѝ е сервиран на тацна, но, сепак, кога малку повеќе ќе се нурне во нивната приватност, во случајов, во приватноста на Петре, доаѓаме до заклучок дека за него веројатно многу малку знаеме.

Петре има син и ќерка, а во „Дали сте знаеле дека“ открива два интересни факти - едниот посветен на ќерката, другиот на синот.

Ја споменува и својата сопруга, кога открива колку децении се во љубов - бројка што никако не може да остане незабележана, еден сериозен јубилеј кој секој пар би сакал да го доживее.

Дали сте знаеле дека Градоначалникот на Скопје е навивач на Барселона и неколкупати бил во Камп Ноу, дека  е страствен фан на рок музиката, во еден период дека и самиот свирел на гитара...?

Петре Шилегов на денешното Точка ТВ 'мени'.


Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Во продолжение детален преглед на претходните 11 епизоди на „Дали сте знаеле дека“.

ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

ЕПИЗОДА 5: „Дали сте знаеле дека“ - со Владо Јаневски: „Тоше во неколку наврати имаше кажано дека сум му омилен текстописец и затоа...“

ЕПИЗОДА 6: „Дали сте знаеле дека“ - со Тања Кочовска: „3 пати сум мажена и пијам апчиња за притисок, шеќер и холестерол“

ЕПИЗОДА 7: „Дали сте знаеле дека“ - со Татјана Стојановска: „Додека не го испијам првото кафе не сум пожелна за комуникација“

ЕПИЗОДА 8: „Дали сте знаеле дека“ - со Дарко Влогс: „Двапати се обидов да се самоубијам“

ЕПИЗОДА 9: „Дали сте знаеле дека“ - со Жарко Димоски: „На една претстава ми се скрши рачката од метлата и одлета кај еден господин од публика“

ЕПИЗОДА 10: „Дали сте знаеле дека“ - со Нора Шаќири: „Кога се откажав од природно оплодување и кога договоривме термин за ин витро, јас всушност останав бремена“

ЕПИЗОДА 11: „Дали сте знаеле дека“ - со Ана Бунтеска: „На симпатијата од пуста трема му се претставив како Маја“



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk