Овие славни дами засекогаш го исфрлиле шеќерот од исхраната: Имаат совршена фигура, изгледаат помладо и се чувствуваат одлично

Кармин

22/06/2021

16:46

5.856

Големина на фонт

а а а

Многу славни дами го исфрлиле рафинираниот шеќер од исхраната и со тоа (барем според нивните зборови) изгледаат, но и се чувствуваат подобро.

Ова се дел од нив:

Адел

Пејачката ослабна благодарение на интензивните тренинзи, но во една прилика откри и дека целосно ги елиминирала шеќерите од исхраната.

„Престанав да пијам засладен чај бидејќи во него ставав и до 20 лажички шеќер дневно. По тоа едноставно започнав да ги губам килограмите“, изјавила Адел.

Кејт Хадсон

Филмската ѕвезда во една прилика изјавила дека била голем консумент на слатки.

„Постојано ми се јадеше нешто слатко и сакав да ја „испитам“ таа навика“, вели Хадсон. Таа престанала да јаде слатки и сега консумира само овошје, зеленчук и јаткасти плодови, ништо преработено и со рафиниран шеќер.

Гвинет Полтроу

Актерката смета дека една третина од калориите кои човекот ги внесува, доаѓаат од консумацијата на шеќер и бело брашно. Гвинет признала дека ѝ бил потребен цел еден месец за да се одвикне од консумирањето шеќер, но успеала во тоа.

Џесика Алба

Алба ја одржува совршената фигура така што одбегнува слатки иако, како што признава, ги обожува. Убавата актерка внесува само храна која има низок гликемиски индекс и редовно вежба. Таа поради здравјето се одлучила да ги исфрли сите житарици, белото брашно и рафинираните шеќери од исхраната.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk