Сара Џесика Паркер (56) во никогаш пооригинално издание! Започна снимањето на „Сексот и градот“, а нашата главна хероина денес изгледа вака

Кармин

22/06/2021

14:23

3.009

Големина на фонт

а а а

Сара Џесика Паркер е уловена од папараците додека со својот сопруг Метју Бродерик оди на вечера со уште еден познат холивудски пар.

За тоа дека продолжението на снимањето на култната серија „Сексот и градот“ почна и дека наскоро нè очекуваат нови епизоди, но овојпат без Саманта Џоунс, односно Ким Катрал - знаат и птиците на гранките.

Сара Џесика Паркер редовно ги известува своите следбеници на Инстаграм за новитетите од снимањата, а сега папараците ја уловиле како со својот долгогодишен сопруг, исто така холивудска ѕвезда, Метју Бродерик, оди на вечера каде се наоѓаат со уште еден познат пар, Алек и Хиларија Болдвин во Хемптон.

Сара за оваа прилика се облекла лежерно, на што и не сме баш навикнати кога е таа во прашање. Бели фармерки, едноставна летна блуза во ретро стил и плетен џемпер во беж боја, биле нејзиниот избор за опуштена вечер со пријателите.

Она што сите го забележале е дека познатата актерка, инаку позната по секогаш совршените прамени и локни, сега ја пуштила својата седа коса. Дали тоа било потребно за снимањето на продолжението на култната серија, нѝ простанува да видиме.

Хиларија за оваа прилика исто така се облекла лежерно. Инстаграм ѕвездата и сопруга на познатиот холивудски заводник облекла комбинезон во розова боја. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk