Одри Хепберн: За една жена да биде убава, таа треба да ги поседува овие 5 особини

Кармин

22/06/2021

13:05

3.801

Големина на фонт

а а а

Одри Хепберн често ги споделувала тајните на својата убавина, но она што отсекогаш го истакнувала е дека жената мора повеќе да се грижи за својата личност отколку за убавината и тоа најдобро се гледа во овие 5 особини кои таа ги застапувала.

Актерката и модел, постулат на женската елеганција и убавина, зборувала вака:

Усните треба да говорат само убави зборови

За жените да ги направат своите усни убави, Хепберн вели дека тие секогаш мора да изговараат само добродушни зборови.

Очите треба да гледаат само добро во луѓето

За вашите очи да бидат убави, треба да ги забележуваат само позитивните работи во луѓето.


Храната треба да ја делите со оние на кои им е потребна

За витка фигура, Одри препорачува жените да ја делат храната со оние кои се гладни.

Косата ќе ви биде убава благодарение на децата

„Ако сакате косата да ви биде убава, дозволете децата да ги провлекуваат своите рачиња и прстиња низ неа, барем еднаш дневно“.

Бидете сигурни во себе

Хепберн советува дека жената низ животот треба да чекори со мислата дека никогаш нема да биде сама. Таа постојано повторувала: убавата жена е среќна жена која не ги задржува проблемите во себе, како ни лошите луѓе покрај себе. Таквата жена создава позитивни мисли и добро расположение.

И најважната работа која познатата актерка постојано ја истакнувала е љубовта. Очите исполнети со љубов е главниот квалитет кој ја разликува убавата од грдата жена.


„Велат дека љубовта е најисплатливата инвестиција: што повеќе давате, толку повеќе добивате. Но, јас би рекла дека љубовта е единствен придонес: што повеќе давате, толку повеќе се раѓа во вас самите. Доколку сите би го сфатиле ова, животот би нѝ бил полесен“, велела прекрасната Хепберн.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk