Непоканет гостин: Слон со глава го пробил кујнскиот ѕид и направил хаос

Точка

21/06/2021

15:54

3.035

Големина на фонт

а а а

Рачадуан Пуенграпс од Тајланд се разбудила во раните утрински часови во саботата бидејќи слушнала бука. Кога излегла од својата соба видела непоканет гостин во својата кујна.

Мажјакот слон го пробил кујнскиот ѕид, бидејќи изгледа бил во потрага по храна.

Сопственичката ја затекнала кујната во целосен хаос, слонот со сурлата пребарувал по фиоките, џвакал пластична кеса, а сите садови ги турнал на земја.

Пуенграпс во шок не знаела што да прави, па решила оваа необична сцена да ја снима со телефон, пишува "Guardian".

Ова не е прв пат слон кој живее во тајландскиот национален парк да го посети селото во близина, бидејќи таму има локална продавница чиј мирис на храна е привлечен за слоновите.

Како што пишуваат тајландските медиуми, слонот пробивајќи се низ ѕидот, направил штета од 140 фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг