„Заљубена сум во тебе! Ожени ме!“ - евровизискиот победник заблеска на интернет со последната објава, а веднаш се огласи и неговата девојка

Кармин

21/06/2021

16:09

7.491

Големина на фонт

а а а

Победникот на овогодишното издание на Евровизија, Дамијано Давид (22), објави фотографии кои предизвикаа реакции ширум светот, а многу ѝ се допаднале и на неговата девојка, моделот Џорџи Сорели (25).

Италијанецот позирал во кожни панталони и мрежеста блуза, со залижана коса и нашминкани очи и усни.

„Заљубен сум во мојот кармин за усни“, напишал Дамијано во описот на фотографиите кои ги споделил на Инстаграм.

Објавата брзо собрала милион и пол допаѓања, а ниту неговата девојка не останала рамнодушна на фотографиите.

„И јас сум“, одговорила Џорџи на зборовите на Дамијано. Нејзиниот коментар го лајкувале повеќе од 8.000 корисници.

Дамијано за кратко време ги освои девојките ширум светот и стана препознатлив по својот стил, па обожавателките и овојпат не го криеле воодушевувањето од неговиот изглед.

„Заљубена сум во тебе“, „Ожени ме“, „Биди мој“, се само некои од коментарите кои обожавателките ги оставиле под фотографиите.

Музичарот на Инстаграм моментално го следат повеќе од 3,8 милиони, меѓутоа, тој секојдневно има сè поголем број на фанови кои покрај музиката, го обожуваат и неговиот стил на облекување, но и шминкање.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk