Селена Гомез ја краси новата насловна страница на австралиското издание на магазинот „Vogue“

Точка

21/06/2021

13:53

4.248

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Селена Гомез го краси изданието на австралискиот „Vogue“ за месец јули/август, за кое зборувала за готвењето, создавањето сигурен дом и пронаоѓање среќа во животот.

Повод за насловната страница било и лансирањето на козметичкиот бренд на Гомез, „Rare Beauty“.

Пејачката на фотографиите за интервјуто се појавила во неколку необични комбинации, од златна кошула со жолти детали преку волуменозен металик фустан до виолетова јакна со крзнени ракави.

Селена зборувала за искуството од пандемијата на коронавирусот кое донесе многу промени, особено за сите оние кои работат во музичката индустрија и открила дека најмногу ѝ недостасуваат патувањата за време на настапите и концертите.

За „Vogue“ зборувала и за своето враќање на музиката, а особено нагласила дека е спремна за враќање и на малите екрани.


Гомез се вселила во нејзината нова куќа среде локдаун и вели дека таа станала нејзиното засолниште во карантинот, заедно со сопственото студио во кое моментално го снима својот следен албум, и кујна во која ги снимала емисиите „Selena + Chef“.

Исто така, уште една причина за интервјуто на Селена е лансирањето на нејзиниот козметички бренд „Rare Beauty“ во оваа, но и други земји од југоисточна Азија.


„Мојата цел со „Rare Beauty“ беше да се срушат нереалните стандарди за убавина. Од лично искуство сум видела колку тие невозможни стандарди имаат лошо влијание на моето ментално здравје и знам многу луѓе кои исто се чувствувале. Поради тоа ми беше важно со „Rare Beauty“ да создадам сигурен, удобен простор во убавината и пошироко, кој ја поддржува менталната благосостојба на нашата заедница“, објаснила Гомез.




Спонзорирани линкови

Маркетинг