Помалку познат детаљ од животот на Мерилин Монро: Првпат се венчала на 16 години, а причината ќе ве остави без текст...

Кармин

21/06/2021

13:32

2.918

Големина на фонт

а а а

Славната актерка речиси секогаш била облечена во тесни и преубави фустани со кои ги нагласувала своите облини, а била и вистински секс симбол на Холивуд.

Мерилин Монро сите ја знаеле, но на малкумина им е познато дека првпат се венчала на само 16-годишна возраст, по врска од шест месеци.

Мерилин се венчала кога била тинејџерка поради тоа што, како што тврдела, од седмата година живеела во семејство кое се грижело за неа, по смртта на нејзината мајка.


За нејзе се грижеле соседите, односно пријателката на нејзината мајка која живеела покрај младиот полицаец Џејмс.

Кога семејството со кое славната актерка тогаш живеела одлучило да се отсели, Монро донела одлука да се венча со полицаецот Џејмс за да не остане сираче.

„Одлучивме да се венчаме за таа да не мора да се врати во дом, но исто така бевме и заљубени“, раскажал Џејмс во интервју.

Тој тврдел дека неговата помлада сопруга го нарекувала „татичко“.

Младиот брачен пар на прв поглед изгледал среќно, но според изјавите на првиот сопруг на Мерилин, тој ѝ бил првото момче, а воедно и маж со кој таа била, па обожувала да има интимни односи со него.

Меѓутоа, нивната љубов не траела долго. Тој отпатувал со морнарицата една година по венчавката и тогаш на Мерилин ѝ било здодевно.


По четири години брак, таа му испратила документи за развод во 1946 година.

Полицаецот тогаш за медиумите ја раскажал својата верзија од приказната:

„Бев на брод кога ги добив документите за развод. Сакаше да потпише договор со телевизиска куќа, а тие бараа да не биде венчана поради тоа што „не сакале бремена старлета за работа“. Кога се вратив, кажа дека бара развод само за да го добие тој договор, но сакаше и натаму да бидеме заедно. Не можев да го поднесам тоа“, тврдел Џејмс откако се развед од Мерилин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk