17 години владееше во светот на тенисот, а потоа се повлече: Еве што прави и како изгледа денес Штефи Граф

Кармин

17/06/2021

10:27

6.029

Големина на фонт

а а а

Иако кариерата ја заврши пред 20 години, и натаму се смета за една од најдобрите тенисерки на сите времиња.

Во кариерата таа освоила дури 22 Гренд Слем титули, а денес живее мирен и повлечен живот заедно со сопругот Андреа Агаси во Лас Вегас.

Стефани Марија Граф е родена на 14 јуни 1969 во Манхајм во Германија.


Мајка ѝ е Хаиди Шалк, а татко Питер Граф, продавач на автомобили и автомобилско осигурување кој во слободно време работел како тениски тренер, а потоа воочил дека дома има тениска генијалка.

Таа фантазирала дека ќе стане фотографка за „National Geographic“, но наместо тоа животот во рацете ѝ го дал рекетот, па доминирала цели 17 години.

На 13 години таа ја започнала својата професионална кариера на својот прв професионален турнир во октомври во 1982 година во Германија.

Кога објавила дека се повлекува од професионалниот тенис била трета на ранг-листата на најдобри тенисерки на светот.


Откако од активниот тенис се простила во 1999 година, Стефи се венчала за колегата Андреа.

Тие се најдобар пример како професијата и љубовта во некои случаи е непобедлива комбинација.

Се венчале во октомври 2001 година на интимна церемонија која се одржала во нивниот дом.

Нивниот син, Џејдан Жил, се родил во 2001 година, а ќерката Џез Ел во 2003 година. Стефи во јавноста се појавува ретко и само кога станува збор за тенисот.


Поголемиот дел од времето живее во една населба во близина на Лас Вегас, а соседи ѝ се мајка ѝ и помладиот брат Мајкл.

И без оглед на нејзината пензија, таа и денес знае понекогаш да одигра некој тениски натпревар. Особено оние хуманитарните.

Денес таа е успешна жена, а се занимава и со хуманитарна работа со својата организација „Children for Tomorrow“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk