Холивудската актерка Мишел Фајфер со години важи за една од најубавите жени на светот поради својата елеганција, а очигледно е дека ниту нејзината убавина не бледнее, иако годините поминуваат и таа веќе ја гази седмата деценија.
Мишел папарацо фотографите ја „уловиле“ на улиците на Лос Анџелес во целосно опуштено издание, а сите забележале дека таа изгледа навистина одлично.
Актеркaта прошетала во лежерни црни тренирки и сандали, а на лицето немала ниту грам шминка.
Русокосата убавица не се трудела да се скрие од папарацо фотографите, туку опуштено и со самодоверба покажала како изгледа во ова природно издание.
Таа често на социјалната мрежа Инстаграм објавува фотографии на кои позира без шминка, а често добива коментари дека старее достоинствено.
Но, има и такви луѓе кои тврдат дека таа користи ботокс и филери за подочници, а актерката тоа никогаш не го потврдила.
Сепак, Мишел може да се пофали со беспрекорната фигура, а вели и дека нејзината тајна е едноставна.
„Јадете како што треба, вежбајте и спијте доволно“, вели актерката.
Таа истакнала дека вежба многу и дека има специфичен начин на исхрана: избегнува да јаде преработена храна, житарици и млечни производи.
Најчесто консумира немасно месо, овошје, зеленчук, риба, јаткасти плодови и пие многу вода.